6 работи за кои паровите постојано се расправаат, ова се случува во секоја врска


6 работи за кои паровите постојано се расправаат, ова се случува во секоја врска…

Нема вечна хармонија. Колку подолго двајца луѓе се заедно, толку повеќе разлики откриваат кај другиот. Некои работи се менуваат, други не.

Buzz Feed направи кратко истражување за што најчесто се караат партнерите во една врска во рамките на еден ден, и еве го резултатот:

1. Доцнењата – едниот сака да доцни, а другиот е бескрајно точен. Следствено едниот постојано треба да се чека, што е многу вознемирувачки и често ги менува останатите настани во текот на денот … како и неговото расположение.

2. ” Ништо не ми е “– кога една жена ќе го каже тоа и најглупавиот маж знае дека не е воопшто добро. Почнуваат прашања и лутење, зошто таа не му кажува што се случува, туку само тивко се лути.

3. ” Ништо “ – еве го и еквивалентниот одговор на мажите на женското “Добро сум”. Резултатот е ист!

4. Прекумерно споделување – жените сакаат да озборуваат и да ги споделат своите емоции со блиски и роднини, мажите не. Затоа тие секогаш се караат, кога нивната партнерка открива детали за нивниот живот (особено сексуалниот) пред други.

5. Солзи – некои жени плачат од гнев и фрустрација и тоа го тера партнерот да се чувствува лошо. Тој благородно ја презема вината, но само за да го запре леењето на солзи. Кавгата сепак ни од далеку не е завршена!

6. Секс – најверојатно мислите дека сексот ги решава сите проблеми и е пострастен од било кога по добра кавга. Не и кога едниот е на друг бран и може да го убие либидото на другиот само со една реченица.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format