Неколку работи како да го препознаеш вистинскиот маж за тебе


Неколку работи како да го препознаеш вистинскиот маж за тебе…

Вистинскиот лесно ќе го препознаеш, убавице. Тој ќе ти каже дека си убава во 9 часот наутро, а не во 4 часот после забава и 2 литри испиен алкохол.

Тој ќе се труди околу тебе и во понеделник, а не само во петок и сабота. Ќе те повика со него на кафе, а не кај него на пијалок. Ќе те запознае со другарите наместо пред нив да се прави дека не те познава. Ќе те држи за рака среде бел ден, сред преполнкафич ќе те прегрнува, среде толпа луѓе ќе ти измамува насмевка.

Вистинскиот лепотице нема да ти подарува скап поклон, туку ќе ти подари внимание. Ќе се грижи каде си и со кого си, но никогаш нема да ти скрати од правото да бидеш некаде и со некого. Тој едноставно ќе ти верува. Ќе ти влее доверба правејќи да се чувствуваш дека за него си единствена. Тој ќе планира со тебе, иднината ќе ја креира врз основа на твоите амбиции. Ќе го цени твојот успех, ќе се радува на твоите победи.

Вистинскиот никогаш нема да те изневери. Ниту кога е излезен сам со друштво, ниту кога алкохолот влијае со неговото тело. Што е најважно, тој ќе те прави среќна. Никогаш нема да те расплаче, па да си замине. Никогаш нема да ги решава проблемите со бегање од нив. Нема да разбуди пламен во тебе немајќи намера да го разгорува.

Немој да го бараш. Тој се препознава во оваа толпа луѓе. Ќе го здогледаш и ќе знаеш. Ќе те буди со порака за добро утро наместо со исклучен телефон и „мејли“. Ќе ја искористува секоја шанса да биде со тебе. Ќе му бидеш приоритет, девојко. А никогаш опција. Тој ќе ги признава своите грешки наместо да ги покрива со безвредни лаги. Ќе те чува како сестра и почитува како мајка.

Ќе те сака безусловно не срамејќи се да ја покаже таа љубов пред целиот свет. Него нема да го пропуштиш. Ќе го чуваш и тоа како. Бидејќи ќе биде вреден. Ќе ја поседува секоја карактеристика на маж со цврсто изграден карактер. А другите? Секако, ќе ги има во поголем број. Сите оние кои симнуваат ѕвезди се додека облаци не надвладеат со небото. Нив насмевни им се. Намигни им и посакај им среќа. Не заслужуваат ништо повеќе од тоа.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format